Patient safety
Препораки за пациентите
- Наша препорака до сите пациенти е да ги понесат со себе само најпотребните работи и тоалети за време на престојот во болницата.
- Апсолутно е забрането пушење во болницата, како и внесување во болничките соби на: алкохолни пијалоци, наркотични супстанции, расиплива храна, лични електрични уреди, растенија во саксија и предмети кои можат да го загрозат здравјето и безбедноста на пациентот и другите жители на болничката соба.
- Ве молиме усогласете ја јачината на звукот на вашиот личен телефон и на телевизорот кога го користите за да не го нарушите мирот и удобноста на другите пациенти во собата.
Безбедност и сигурност
Во болницата има деноноќно обезбедување и надворешен видео надзор. Сепак, со оглед на нормалниот тек на процесот на лечење и на вашиот душевен мир за време на престојот во болница ви препорачуваме да не носите вредни предмети, накит и слично во вашиот багаж или на себе. Клиничка болница „Уни Хоспитал“ не е и не одговара за нивното оштетување, исчезнување или губење.
Пациентите, нивните роднини и посетители се должни да ги користат местата предвидени за влез и излез од болницата и да ги почитуваат сите безбедносни препораки на здравствената установа, како и актуелните антиепидемиолошки мерки.
Пациентите не треба доброволно да ја напуштат клиниката/одделот каде што се примени на лекување без да потпишат информирана согласност за последиците од таа одлука.
Употреба на лекови
За време на престојот во болница, задолжително информирајте го вашиот лекар за лековите што ги земате, како и ако имате алергија на некои лекови.
Исклучително е важно препишаните лекови да ги земате според пропишаната терапија и упатствата на лекарот што ве лекува. Неопходно е строго да се придржувате до препораките на лекарот за дозата што се зема, фреквенцијата и времетраењето на вашата терапија.
Не двоумете се да го известите медицинскиот персонал на болницата што се грижи за вас, во случај на несакани реакции од лекот.
Ризик од паѓање
Наша цел е да обезбедиме целосна безбедност на пациентите по приемот и за време на нивниот престој во болницата. Падот може да доведе до сериозни негативни последици за пациентот и продолжен престој во болница. Во обид да го намалиме ризикот од паѓање, бараме строго да ги следите следните препораки додека сте во болницата:
Не се исправајте и не станувајте нагло од кревет.
Не преземајте акција и не станувајте од кревет ако сметате дека ви треба поддршка.
Доколку е потребно, користете ги потпорните рачки монтирани на ѕидовите на бањата. Тие ја гарантираат вашата безбедност.
Доколку е потребно, користете инвалидска количка и лифт за да се движите низ болницата.
Задoлжително е да носите удобни и нелизгачки влечки/чевли.
Не двоумете се да побарате помош од медицинскиот персонал ако чувствувате вртоглавица или мислите дека имате ризик да паднете.
Контрола на интрахоспитални инфекции
Во клиничка болница „Уни Хоспитал“ се следат сите протоколи за превенција и контрола на болничките инфекции со цел да се ограничи нивното ширење.
Во овој поглед, ве повикуваме да ги почитувате следните упатства за добра хигиена:
- Секогаш мијте ги рацете по користење на бања и тоалет.
- Секогаш мијте ги рацете пред и после јадење, ракување со сметки/пари, земање на лекови итн.
Не двоумете се да не информирате навреме и да му дадете повратна информација на медицинскиот персонал доколку забележите дека не ги дезинфицираат рацете.
Безбедност од пожар
Во име на безбедноста и во согласност со сите законски одредби за ова, во болницата, на местата определени за таа цел, се поставени планови за евакуација и излезите во случај на пожар.
Отпуштање од болница
Пред да излезете од болницата, Ве молиме уверете се дека сте информирани и целосно ја разбирате вашата препишана терапија и препорачаниот начин на живот што мора да го следите за да постигнете поволен исход за вашето здравје.
Ви препорачуваме да ги разјасните следните аспекти со вашиот лекар пред да ја напуштите болницата:
- Дали е потребно да се придржувате до посебен режим - нутритивен или друг, откако ќе бидете отпуштени
- Дали е неопходно да се спроведе одредена терапија за целосно закрепнување
- Дали и кога е потребна дополнителен контролен преглед
- Дали треба да ја намалам/зголемам физичката активност
- Може ли да се вратам на мојот стар начин на живот - што треба да исклучам од него
- Ако имам проблем со болеста, со кого треба да разговарам
Не двоумете се да се обратите кон медицинскиот тим што се грижи за вас, ако не ги разбирате информациите, поврзани со вашиот третман или дополнителна терапија за дома.
По отпуштањето, ќе ја добиете вашата медицинска евиденција која содржи информација за вашата болест, лечење и терапија што сте ја примиле за време на престојот во болницата, како и препораки за понатамошен третман доколку е потребно.