Географија, клима, култура
Географија
Клиничка болница „Уни Хоспитал“ се наоѓа во Панаѓуриште – град во централна Бугарија.
Општина Панаѓуриште е дел од областа Пазарџик. Се наоѓа во јужниот централен регион, во централниот дел на Средна Гора помеѓу градовите Софија и Пловдив.
Општината се наоѓа целосно на јужните падини на Вистинска Средна Гора. Карактерот на релјефот е среден до низок планински и ридски со просечна надморска височина од 683м. Висината варира од 1.500 м на тревните делови на планината на север до 500 м на југ.
Растојанието од центарот на градот Панаѓуриште до центарот на градот Софија е 87 километри; од центарот на градот Панаѓуриште до центарот на градот Пловдив - 78 километри и од центарот на градот Панаѓуриште до центарот на градот Пазарџик - 42 километри.
Територијата на општината е 598,5 km² и опфаќа 9 населени места, од кои 1 град (град Панаѓуриште) и 8 села (село Бута, село Бања, село Обориште, село Попинци, село Поибрене, село Левски, село Панаѓурски колонии и село Елшица).
Пациентите кои се дел од програмата за медицински туризам, однапред или на лице место по пристигнувањето во „Уни Хоспитал“, имаат можност да побараат здравствената установа да помогне во обезбедување на нивниот превоз.
Клима
Територијата на општина Панаѓуриште припаѓа на преодно-континенталниот климатски регион. Просечната температура на воздухот во јануари е 1,1 ˚С, во јули - 20,6 ˚С, а просечната годишна температура е 10,1 ˚С.
Култура
Можности за рекреација за пациентот и неговиот придружник.
Градот Панаѓуриште е познат по своето богато минато и култура, кои годишно привлекуваат илјадници посетители.
Панаѓуриште се гордее со еден од најголемите музеи во Бугарија, кој го чува сеќавањето за минатото на жителите на градот. Во музејот може да се видат културни и историски споменици со висока вредност, како и вредни збирки книги, ремек-дела на бугарската ренесансна архитектура, визуелна, пластична и применета уметност. Сето ова е поврзано со вековното минато на панаѓурскиот регион, кое оставило светла трага врз современиот идентитет на секој жител на Панаѓуриште.
В градот работат музеи, народна библиотека и театар.
Пациентите кои се дел од програмата за медицински туризам, однапред или на лице место по пристигнувањето во „Уни Хоспитал“, имаат можност да ја кажат својата желба здравствената установа да помогне при организирање посета на културните атракции.
Сместување
Синџирот „Тракиски хотелиери “на своите гости им ги нуди услугите на два хотели во градот Панаѓуриште:
Каменград Хотел & СПА, е спа комплекс со четири ѕвезди кој нуди удобно сместување во 43 еднокреветни, двокреветни соби и апартмани. Спа центарот е целосно снабден со минерална вода и нуди исклучителна разновидност на спа услуги во 20 посебни спа објекти со богато мени од класични и егзотични спа процедури.
Хотелот располага со конференциски центар со 3 модерно опремени конференциски сали, мултифункционален спортски терен, ресторан и три барови во кои може да уживате.
Парк Хотел Асарел, се наоѓа во близина на прекрасниот градски парк, со пријатни авении за прошетка и живописно зеленило. Лоциран во срцето на ренесансниот град, хотелот располага со 80 двокреветни соби, јуниор апартмани, апартмани со една и две спални. Со својот ресторан и лоби бар со волшебен поглед на околната природа, Парк Хотел Асарел ќе ви овозможи максимална удобност.
Градскиот парк Панаѓуриште, мултифункционалната спортска сала „Арена Асарел“ и централниот градски стадион „Орчо Војвода“ се наоѓаат веднаш до хотелот.
Каменград Хотел & СПА**** е на 5 минути пешачење (десно на другиот крај на градскиот парк).
Центарот на градот е на 600 метри од хотелот.
Во хотелот има соби за лица со специфични физички потреби (инвалиди?)
Пациентите кои се дел од програмата за медицински туризам, однапред или на лице место по пристигнувањето во „Уни Хоспитал“, имаат можност да ја кажат својата желба здраствената установа да помогне во организирање на нивното сместување во хотел наведен од нив.
Активности за деца
Во дворот на „Уни Хоспитал“ има отворено игралиште со опрема за играње. Во зградата на болницата нема посебен дел за деца, но за краток престој и чекање можете да го користите фоајето спроти кафулето.
Во центарот на градот Панаѓуриште и неговиот парк, кој се наоѓа во непосредна близина на Парк Хотел Асарел, се изградени игралишта кои се бесплатни за јавна употреба. Детските објекти се на отворено и достапни за деца од речиси сите возрасти.