ПОВЕЛБА ЗА ПРАВА НА ПАЦИЕНТОТ
Персоналот на клиничка болница „Уни Хоспитал“ ги врши дијагностичките, третманските и рехабилитационите активности со целосно почитување на правата на пациентите и на нивното човечко достоинство.
Секој пациент кој побарал помош во клиничка болница „Уни Хоспитал“ има:
- Право на превенција
Секој има право на соодветна грижа за спречување на заболување.
- Право на пристап
Секој има право на пристап до здравствени услуги според неговите здравствени потреби. Сите имаат загарантиран пристап до здравствени услуги, без дискриминација врз основа на финансиската можност, потеклото, видот заболување или времето на барање на услугите.
- Право на информации
Секој има право на информации за својата здравствена состојба, понудените здравствени услуги и начините на нивно обезбедување, како и информации за достапните научни истражувања и технолошки иновации.
- Право на согласност
Секој има право на пристап до сите информации кои би можеле да му овозможат активно да учествува во одлучувањето за неговото здравје; информираната согласност е задолжителен услов за сите процедури и третмани, вклучително и за учество во научни студии.
- Право на слободен избор
Секој има право слободно да избира помеѓу различни процедури за лекување и здравствени работници врз основа на соодветна информација.
- Право на приватност и доверливост
Секој има право на тајност на личните податоци вклучувајќи ги и податоците во врска со неговото здравје, можната дијагноза или лекување, како и право на заштита на приватноста во текот на спроведување на прегледи, консултации со специјалист или хируршки третман.
- Право на почитување на времето на пациентот
Секој има право да го добие потребниот третман во краток и однапред одреден временски период. Ова право се однесува на секоја фаза од лекувањето.
- Право на почитување на стандардите за квалитет
Секој има право на пристап до висококвалитетни здравствени услуги врз основа на однапред одредени и строго почитувани стандарди на лекување.
- Право на безбедност
Секој има право на пристап до здравствени услуги и третмани кои задоволуваат високи безбедносни стандарди, како и право да не биде повреден од лошо функционирање на здравствени услуги, лоша медицинска пракса и грешки.
- Право на пристап до иновации
Секој има право на пристап до иновативни, вклучително и дијагностички, процедури во согласност со меѓународните стандарди и независно од неговата економска или финансиска положба.
- Право на избегнување непотребно страдање и болка
Секој има право да ги избегне непотребното страдање и болка, колку што е возможно, во секоја фаза од неговата болест.
- Право на персонализирано лекување
Секој има право на дијагностички или терапевтски програми кои се максимално приспособени за неговото заболување.
- Право на жалба
Секој има право да поднесува жалба, во секој еден случај на штета при лекување, како и право да добие одговор на својата жалба.
- Право на надомест
Секој има право да добие доволен надомест во разумно краток временски период, во случај напретрпена физичка или морална и психолошка штета предизвикана од лекување.
ОБВРСКИ НА ПАЦИЕНТОТ
- Пациентот е должен да се однесува со почит и респект кон лекарот и другите претставници на медицинската професија.
- Да преземе лична одговорност за сопственото здравје и да води здрав начин на живот.
- Да сподели со докторот сè за неговата болест без да затајува информации кои се важни за дијагностицирање на болеста.
- Активно да му помага на лекарот за време на процесот на лечење и закрепнување.
- Строго да го следи неговиот пропишан режим и третман.
- Доколку се одбие пропишаниот третман, пациентот е одговорен за последиците.
- Пациентот е должен да се придржува кон утврдените правила во клиничка болница „Уни Хоспитал “се додека се спроведува неговото лекување.
Повелбата за правата на пациентот е публикувана на официјалната страница на здраствената установа.
Во име на целиот тим на „Уни Хоспитал“ ви посакуваме вашиот престој во болницата да биде краток и ефикасен.